Македонија 29. јули 2020. / 14:11

Обид за внес на отровна храна во Македонија: Запленето пилешко месо со птичји грип

Обид за внес на отровна храна во Македонија: Запленето пилешко месо со птичји грип

Голема акција на Интерпол во која спречен е обид за внес на отровна храна во Македонија, дознава ТВ21.

Информациите ги потврдуваат од Интерпол, Агенцијата за храна и ветеринарство во Македонија, како и Царинската управа.

Царинска управа на Република Македонија учествуваше во меѓународната операција OPSON IX во времетраење од 1 декември 2019 до 15 јуни 2020 година, заедно со Агенција за храна и ветерина (АХВ) и Гранична полиција како дел од МВР, а секако во целосна координација со Канцеларијата на Интерпол во Скопје. Операцијата OPSON IX се однесуваше на спречување на криумчарење и измами во трговијата со прехранбени производи и пијалаци, трговијата со фалсификувани прехранбени производи, како и трговија со супстандардни прехранбени производи и пијалаци, велат од Царина за ТВ21.