Македонија 23. април 2019. / 18:56

Обид за смена на поглаварот на ИВЗ – голем број на полициски сили пред ИВЗ

Обид за смена на поглаварот на ИВЗ – голем број на полициски сили пред ИВЗ

Основниот суд Скопје 2 го прифати барањето на новата исламска верска заедница да биде Скендер Бузаку, наместо Сулејман Реџепи. По приемот на решението имало присуство на зголемени полициски сили и не е познато дали во објектот ескалирала опсадата, пренесува Канал 5.

Во одлуката што ја доставиле до весникот Лајм се наведува дека е прифатено Бузаку да е назначен за нов претседател на Исламската верска заедница со адреса „Чаирска 1000″.

И претходно имало обиди за смена на Сулејман Реџепи, но истите завршиле неуспешно.

Реџепи, исто така, беше цел на неколку последователни обвинувања на заменик-претседателот на СДСМ, Мухамет Зекири.