Македонија 21. јуни 2019. / 09:25

Обезбедувањето на СДСМ со закани до Героски: Ќе се бањаш во Вардар!

Обезбедувањето на СДСМ со закани до Героски: Ќе се бањаш во Вардар!

Продолжува притисокот врз новинарот Бранко Героски, кој по огромен притисок неодамна поднесе оставка од уредничката позиција на Слободен весник. Откако замина од весникот, Героски започна да објавува серијал приказни за рекетарска шема во земјава. Во приказните, како што самиот ги нарекува, со измислени имиња на личностите, нез да открива повеќе информации од нужните, раскажува вистински настани.

Сепак, вчера откако Героски го објави четвртото продолжение на рекетарската приказна за спрегата меѓу власта и рекетарската банда, Героски објави приватна порака, во која човек кој се рпетставува како обезбедување на СДСМ му се заканува со „бањање во Вардар“. Героски најави дека денеска во 9.15 часот ќе оди во седиштето на СДСМ и ги повика колегите новинари, претставниците на ЗНМ и другите новинарски здруженија да бидат присутни на настанот во седиштето на ССДМ – бањање за замолчување.

Претседателе на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 22.14 часот ја добив оваа заканувачка порака од извесен Борче Гиноски, кој за себе вели дека работи во обезбедувањето на СДСМ. Дали Вашата партија, премиере, почна да се служи со вакви методи? Дали ја одобрувате оваа отворена закана? Дали ќе преземете нешто? Утре изутрина точно во 9.15 часот ќе дојдам во седиштето на СДСМ. Ве молам да го обезбедите присуството на овој господин и на сите што се неопходни за моето најавено “бањање во Вардар”. Колеги новинари, претставници на ЗНМ и на другите новинарски здруженија, ве поканувам во ова време да бидете присутни на настанот во седиштето на СДСМ на улица Бихаќка. ПС. Ако не барам премногу од вас, драги пријатели, ве молам споделувајте го овој пост, напиша Героски на Фејсбук.