Македонија 22. април 2020. / 15:25

Обезбедени 300 лаптопи за учениците од Тетово што немаат опрема за следење настава на интернет

Обезбедени 300 лаптопи за учениците од Тетово што немаат опрема за следење настава на интернет

 Општина Тетово информираше дека се набавени 300 лаптопи за ученици кои немаат соодветна опрема за следење настава на интернет.

-Општина Тетово започна со дистрибуција на лаптопи за учениците кои немаат опрема и не можат да го следат процесот на учење на интернет.  Станува збор за 300 лаптопи кои учениците ќе ги користат дома се додека трае одлуката на Владата за затворање на училиштата и онлајн-наставата, соопшти Општина Тетово.

Инаку, службениците од Секторот за јавните дејности при Општина Тетово со директорите на училиштата одржуваат онлајн-состаноци во кои се координираат активностите за одржување настава од далечина.

Проценките се дека 30 отсто од учениците поради немање интернет, компјутери и од други причини не можат да следат настава на интернет.