Во изминатиот период се реализирани 16 дарувања на конвалесцентна плазма, од кои седум дарувања со постапка плазмафереза на клеточен сепратор и девет преку стандардно дарување на целокупна крв.
Со тоа се обезбедени 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со Ковид-19.
Неодамна во Институтот за трансфузиона медицина се изготви протокол за дарување конвалесецентна плазма. Дарител на конвалесцентна плазма може да биде секое лице кое е излечено од овој вирус и кој ги исполнува условите за дарување наведени во протоколот – информираат од Министерството за здравство.
Конвалесцентната плазма содржи антитела против корона вирусот создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со Ковид-19.