Македонија 02. декември 2020. / 10:37

Ново рочиште за „Меѓународен сојуз“ денеска во Кривичен: Јовановски бара изземање на судијката

Ново рочиште за „Меѓународен сојуз“ денеска во Кривичен: Јовановски бара изземање на судијката

Денеска во Кривичниот суд ќе се одржи ново рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“.

На претходните расправи првообвинетиот Бојан Јовановски бараше изземање на судијката Софче Ефремова Гаврилова.

Боки и неговиот тим смета дека Гаврилова не може да го суди овој случај поради пристраност и веќе изградено мислење бидејќи беше дел од судечкиот совет во случајот „Рекет“ во кој исто така првообвинет беше Јовановски.

Тој исто така најави и кривични пријави за судијките Ефремова и Васка Николоска.