Македонија 01. септември 2020. / 13:20

Новиот претседател на УМС: Гласот на младиот човек ќе биде чуен!

Новиот претседател на УМС: Гласот на младиот човек ќе биде чуен!

Почитувани, на вчерашната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, по предлог на претседателот Христијан Мицкоски ми е дадена довербата да ја предводам Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, напиша претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов.

Ваквата одлука за мене претставува огромна чест, успех и задоволство, но истовремено и огромен предизвик. Во претстојниот период Унијата на млади сили ќе биде партнерот на сите млади луѓе во Република Македонија, преку кој ќе бидат поразени погубните политики на моменталната власт.Заедно ќе го посетиме секој млад човек во секое населено место. Преку стратегија изработена од млади докажани во својата област, со искуства стекнати како во Македонија така и надвор од неа, и нејзина соодветна промоција, младите луѓе ќе ги добијат потребните услови за градење на својата иднина и можност за поголем успех и просперитет во сопствената држава, напиша Попов.

Тој додаде дека гласот и мислата на младиот човек во и надвор од партијата ќе биде втемелен во одлуките кои ќе ги носат, а ќе дадат одговор на проблемите кои не засегаат нас како иднина на државата.

Да живее Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ! Да живее Република Македонија!, напиша Попов