Стево Пендаровски во последниот дуел на Македонската телевизија посочи анализата на угледниот германски Франкфуртер Алгемаине дека станува збор за текст „диктиран од Никола Груевски“.
Но што го погодува Пендаровски, кандидат за претседател на држава, за до толку да ги понижи и угледниот германски весник, но и долгогодишниот новинар на весникот Михаел Мартенс? На кусо Франкфуртер Алгемаине пишува дека македонскиот пратеници биле уценувани и заплашувани со судски пресуди за да гласаат за промена на Уставот, но пишува и за сомнеж дека имало поткуп врз македонските пратеници со пари од Грција и од Сорос.
Германскиот Франкфуртер Алгемаине во анализа за гласањата за Преспанскиот договор во Македонија и во Грција пишува дека „пратениците во Скопје беа заплашувани и имаа закани од судството“. Па натаму прашува, „Дали и пратениците во Атина беа потплатени со пари од данокот? Дури и големиот американски инвеститор имал замешано прсти во играта“ пишува дописникот од Атина Михаел Мартенс.
Во текстот се пренесува атмосферата од грчкиот парламент пред гласањето со меѓусебните обвинувања Каменос- Коѕиас. Обвинувања за корупција и злоупотреба на функциите, по што следуваше оставка на Коѕиас, разочаран што Ципрас не зазел страна во расправата. Весникот го цитира грчкиот То Вима каде од владини извори пишува дека Каменос всушност обвинил дека Коѕиас зел 50 милиони евра од американскиот инвеститор Сорос за да ги подмити парламентарците во Скопје за да си ја обезбеди „неговото животно дело во надворешна политика“- договорот од Преспа за разликите околу името.
Всушност во анализата се посочува дека „најчувствителниот момент од планот за решение, во најголем дел напишан од Коѕиас, било одобрувањето со двотретинско мнозинство во парламентот во Скопје за новото име од на државата“.
Весникот потоа пренесува дека Коѕиас ги негирал овие тврдења, со образложение дека Сорос има своја организација во Скопје и дека немал потреба да му дава пари на Коѕиас, но продолжува дека Каменос сега тврдел дека Коѕиас му дал пари на Сорос за низ неговите канали да се поделат на пратениците. „Тоа е нонсенс“ оценува Коѕиас, кој се повлече од функцијата по Преспанскиот договор.
Анализата на новинарот Мартенс понатаму навлегува во спорот меѓу двајцата грчки министри што се пренесе и на суд, но тоа што го отвора прашањето во Грција е постоењето на „тајни фондови“ на грчките министерства: министерството за надворешни работи, министерството за Македонија и Тракија во Солун, министерството за внатрешни работи. Сепак, додава дека вакви „црни фондови“ не се грчка „специјалност“, дека ги има во секоја држава, наведувајќи ги Германија и Турција.
Интересно во анализата е тоа што се пренесува ставот на Коѕиас дека тие „пари се трошени за да се влијае на ситуациите во странство“. Всушност, тој самиот вели за трошењето за црквата , односно според анализата за Партијархот во Истанбул, а се додава дека на негов предлог донесен е закон со кој е дозволено „доверливо трошење“ на над 25.000 евра.
Анализата во угледниот германски весник потоа се надоврзува со ставот од Атина кој тврди дека македонскиот весник и портал „ Независен“, „кои го промовирале решението“ биле поддржани со тие пари од грчкото министерство за надворешни работи, со оправдување дека било одговор на интервенциите на медиумските инвеститори од кругот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Весникот ја опфаќа и состојбата со медиумите во Македонија, па наведува дека во земјата е невозможно да се заработи од весник во сиромашна земја со два милиони граѓани па го отвора и