Македонија 25. јуни 2020. / 12:04

Нови детали: Боки 13 ќе се сретне со обвининител и ќе пријави кривични дела на политичари и бизнисмени!

Нови детали: Боки 13 ќе се сретне со обвининител и ќе пријави кривични дела на политичари и бизнисмени!

Бојан Јовановски- Боки 13 претпалднево од истражниот затвор во Шутка е префрлен во скопското обвинителство откако Кривичниот суд му дозволил да се сретне со обвинител и да пријави кривични дела, како што најави на изрекувањето на првостепената судска пресуда во случајот Рекет, кога беше осуден на 9 години затвор, објави Телма.

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски за Телма изјави дека пријавите ќе бидат поднесени на записник и сите сознанија ќе бидат предадени на обвинителите.

Дуковски не прецизираше против колку лица и против каков профил на луѓе се однесуваат пријавите, а Јовановски претходно тврдеше дека има докази за злоупотреби и на функционери и на бизнисмени.

На изрекувањето на пресудата Јовановски ги кажа имињата на екс премиерот Зоран Заев и неговиот брат како лица каде завршуваат пари од рекетот. Заев тоа го негираше.

Во случајот Рекет покрај Јовановски, осудена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на која и беше пресудена казна од седум години затвор. Јовановски е осуден во прв степен за „примање награда за противзаконито влијание” и за „перење пари” , а Катица Јанева за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања”.

Казната се однесува на рекетот од милион и пол евра кој бизнисменот Орце Камчев го дал за да се олесни неговата состојба во истрагата