Македонија 18. јули 2020. / 16:11

Нови бројки од ДИК: Гласале уште 1.416 души, дополнителни 100-тина неважечки ливчиња

Нови бројки од ДИК: Гласале уште 1.416 души, дополнителни 100-тина неважечки ливчиња

Државната изборна комисија попладнево донесе заклучок со кој се вршат исправки на техничките грешки при објавувањето на бројките во четвртокот доцна попладне по предвремените парламентарни избори.

Според новите бројки, гласале 943.750 гласачи, а бројот на неважечки ливчиња е 31.564.

Во четвртокот беше соопштено од ДИК дека 942.334 гласачи, а неважечки биле 31.466 ливчиња.