Македонија 29. мај 2019. / 17:40

Нови „бомби“ се појавија на интернет – на мета функционери на ДУИ

Нови „бомби“ се појавија на интернет – на мета функционери на ДУИ

По Илија Громовник, на Фејсбук се појави нов „бомбаш“, кој објави шест нови аудио материјали во изминативе 12 часа, пренесе 24Инфо.

Пет се на албански јазик, а во описот на секој разговор е наведено дека зборуваат политичари од ДУИ, како Блерим Беџети, Муса Џафери, Бекир Асани. Една е на македонски јазик и како што е објавено разговараат поранешните високи полициски функционери Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков, кои говорат дека тогашниот заменик министер во МВР Блерим Беџети барал да се казнат припадници на „алфите“, кои според Мијалков и Јанкулоска, коректно си ја завршиле работата во врска со претрес за нелегален пиштол, кај извесен Шеваљ.

Дел од нелегално прислушуваните материјали веќе се недостапни, но дел сеуште ги има. Инаку нови „бомби“ пред неколку дена на Фејсбук најавија членови на т.н. Кумановска група, осудени за
настаните во „Диво насеље“, па медиумите новите нелегално прислушувани материјали ги поврзуваат со оваа група.

Според напишаното од објавувачот, ова е само почеток и ќе следуваат објави на уште прислушувани разговори, кои тој тврди дека ги добил од лица кои се обвинети за терористичкиот напад на Куманово од пред 4 години.

Нелегалните прислушувани разговори се објавуваат под кодни имиња Никола Тесла, Илија Громовник, а последните од денеска под името Ел Чека, а се објавени од Чикаго.

Профилот на Ел Чека погледнете го ТУКА.