Македонија 02. јуни 2020. / 16:11

Нови 67 заразени и една жртва на корона вирусот во Македонија

Нови 67 заразени и една жртва на корона вирусот во Македонија

Шеесет и седум новозаболени пациенти од КОВИД-19 се регистрирани во изминатите 24 часа од 868 тестирања, и едно лице почина, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција, додавајќи дека сѐ уште се чекаат податоци од една приватна лабораторија. Дваесет и пет лица се оздравени.

На Инфективната клиника во Скопје примени се шест нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 40. Нема пациенти на механичка вентилација, а на кислородна поддршка се 16.

Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје вкупно хоспиталиизрани се 27 лица, а шестмина се на респираторна машина.

Во  Битола се 7 вхоспитализирани, во Штип 14, а на инфективните одделенија во Охрид, Велес и Куманово вкупно има 27 пациенти.