Во изминатите 24 часа во Македонија се регистрирани 40 нови случаи на заразени со Ковид-19, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни во Скопје состојби почина 56-годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 12 мај.
Од новите 40 потврдени случаи на Ковид-19, 26 се во Скопје, 10 се во Тетово, а по еден нов заразен има во Куманово, Прилеп, Велес и Битола.
Досега во земјата се направени вкупно 23316 тестирања на Ковид -19. Од вкупно 549 број направени тестови во изминатото деноноќие, 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.898, починати се 111 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 409.