Македонија 22. октомври 2020. / 15:18

Нови 36 случаи на Ковид-19 во Прилеп, едно лице почина

Нови 36 случаи на Ковид-19 во Прилеп, едно лице почина

Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 36 нови случаи на коронавирус.

Од последици на коронавирусот, почина едно лице на 73-годишна возраст.

Бројот на активни случаи изнесува 272, од кои 236 се наоѓаат на домашно, а 36 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 573 лица.

Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1009.

Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 50 лица.