Македонија 22. март 2020. / 13:04

Нови 29 заболени со коронавирус во Македонија, вкупно 114

Нови 29 заболени со коронавирус во Македонија, вкупно 114

Во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1)., напиша министерот за здравство Венко Филипче.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа сѐ уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите, напоша Филипче.