Македонија 26. октомври 2020. / 16:06

Нови 23 случаи на Ковид-19 во Прилеп во изминатото деноноќие

Нови 23 случаи на Ковид-19 во Прилеп во изминатото деноноќие

Центарот за јавно здравје информира дека денеска во општина Прилеп има 23 нови случаи на коронавирус, а 15 лица оздравеле од заразната болест.

Бројот на активни случаи изнесува 327, од кои 288 се наоѓаат на домашно, а 39 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 612 лица. Вкупниот број на заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 1114. Од почетокот на пандемијата до денеска, од коронавирусот починале 52 лица.