Македонија 18. јуни 2020. / 15:29

Официјално: Нови 182 заразени и шест починати од Ковид-19 во Македонија

Официјално: Нови 182 заразени и шест починати од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани 182 нови случаи на Ковид-19.

– Скопје 107
– Куманово 14
– Штип 4
– Тетово 23
– Струга 5
– Битола 2
– Охрид 6
– Гостивар 4
– Струмица 1
– Кочани 1
– Берово 1
– Ресен 13
– Неготино 1

Во последното деноноќие починати се шест лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти.

– Скопје 22
– Дебар 1
– Штип 1
– Прилеп 1
– Тетово 1
– Велес 2
– Битола 1
– Кочани 2
– Свети Николе 1
– Кичево 1

Во текот на вчерашниот ден се направени 1.348 тестирање со што вкупниот број тестирања изнесува 47.793. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.664, бројката на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.612.