Македонија 18. јуни 2019. / 15:27

Новата амбасадорка на САД положи заклетва – во јули доаѓа во Македонија

Новата амбасадорка на САД положи заклетва – во јули доаѓа во Македонија

Новата американска амбасадорка во Македонија, Кејт Бирнс, вчера положи заклетва.

Неа ја испратија четворица бивши амбасадори во земјава Филип Рикер, Пол Волерс и Џес Бејли.

Рикер истакна дека Бирнс ќе ја предводи новата ера на билатералната соработка, како пријатели и сојузници на земјава.

На церемонијата присуствуваа пријателите, семејството и колегите на амбасадорката Бирнс, која се очекува во земјава да пристигне во јули.