Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Александар Новаковски смета дека доколку никој не обезбеди мнозинство ќе настанат проблеми и политичка криза.
За Радио слободна Европа Новаковски вели дека во случај ниту една партија да не обезбеди мнозинство за создавање на влада, нема да има друго решение освен да бидат распишани нови парламентарни избори.
Тука мора да се напомене дека во моментов немаме претседател на Собранието, имаме претседавач, а распуштањето може да се случи од страна на пратениците за распишување на предвремени избори. Тука роковите се скратени и нема друг начин да се излезе од тоа, вели Новаковски.