Ристо Новачевски ги демантира тврдењата на директор на Фондот за здравство, Ден Дончев изнесени на прес конференција во Владата и му даде рок од 5 дена да се извини пред целата македонска јавност, во спротивно најави тужба, пишува Нова ТВ.
Новачевски, кој на прес конференција беше посочен дека стои зад “Диаверум“ ги негира тврдењата дека е сопственик на фирмата за дијализа која доби на тендер во 2013 година за во наредните 20 години да стопанисува со поголем дел од диајлизата во државата, како и дека истиот ден кога на сметка на Вера Иванова во Монако биле префрлени 9 милиони евра и тој отворил сметка истиот ден.
Вистината е дека сметката е отворена на 18.03.2018г. во време кога Вие веќе ги пишманевте и избркавте “Диаверум”. Целта на отворање на сметката беше планот на Г-ѓата Вера Иванова да инвестира во странски проекти и притоа да бидам повторно ангажиран од нејзина страна. Откако Г-ѓата Вера Иванова увиде декапроблемите со Вас ќе и бидат долгорочни и ќе и пропаднат бизнис плановите за развој, надвор од границите на РМ, некаде околу Април/Мај 2019 ја затворив мојата сметка , која впрочем воопшто не беше активирана со ниту една трансакција. Ако таа сметка беше отворена со намерата за која што Вие тврдите, ќе ја употребев уште истиот ден кога парите се префрлени -без никаков проблем“, се вели во соопштението кое го испрати до медиумите, Новачевски, кој Дончев го прозва како кумот на Груевски.
Дончев на прес конференцијата посочи дека сите сознанија укажуваат дека зад фирмата „Дијамед“ каде што Вера Иванова се прикажува како сопственик , стојат токму Новачевски и Груевски, за што Обвинителството за организиран криминал води истрага, на што Новачевски вели:
Тврдите дека Г-ѓата Вера Иванова не е вистинскиот сопственик на “Дијамед-Македонија“и на фирмите ко-сопственици и се сомневате дека вистинскиот сопственик сум јас, односно преку мене е екс-премиерот Г-дин Никола Груевски. Вистината е дека Г-ѓата Вера Иванова јавно изјави во медиумите дека таа е единствен сопственик на “Дијамед-Македонија” и сите фирми поврзани со неа. Исто така откако “Диаверум” ги уплати парите на сметките, а Г-ѓата Вера Иванова поднела пријава до УЈП за плаќање на данок на приход, остварен по основ на продадени удели, а на 14.11.2018г. УЈП и издава решение за плаќање данок.
По однос на приходите кои му биле исплаќани од „Диаверум“ во периодот од 2013 до 2017 година, Новачевски со одговор.
Тврдите дека ми биле исплатени од 2014-2017, 10,000.000 ден. во плати, 17,000.000 ден разни надиоместоци, 9,000.000 ден готовински исплати и 12,000.000 ден. Сум подигнал од банкомат. Вистината е дека од 2014-2017 ми се исплатени 17,503.090ден. по основ на плати и бонуси за успешно работење, за кои уредно сум ги платил сите давачки кон државата. Службената картичка никогаш не била употребена од мене. Со ова се подразбира дека никогаш немам подигнато било какви средства од таа службена картичка. Исто така не ми е исплатен ниту денар од касата на фирмата.“, се вели во соопштението до медиумите во кое е назначено дека е Демант на прес конференцијата на Ден Дончев одржана на 20.09.2019 во Владата на РСМ.
„Ова се вистините и одговорите на Вашите лажни обвинувања додава Ристо Новачевски во своето соопштение.
Сега имате 5 дена да ги документирате Вашите тврдења или да ми се извините пред целата македонска јавност со ист интензитет со кој што ме обвинивте, во спротивно следува тужба, вели Новачевски и прашува – зошто наместо да го поништи криминалниот тендер, доколку тоа навистина било така, не поднелтужба пред судот во Париз. Наместо тоа Дончев предвремено исплатил 4 или 5 фактури во износ од околу 3,000.000 евра на “криминалната” фирма “Дијамед-Македонија” и со тоа го оштетил буџетот на државата, тврди Новачевски.