Граѓаните од денеска имаат можност да се информираат за сите официјални информации за корона вирусот во Македонија на нова интернет страница koronavirus.gov.mk.
На оваа страницата има објаснувања како граѓаните да побараат медицинска и психолошка помош, како да пријават прекршок, кои се насоките и мерките за заштита на граѓаните од ширење на вирусот, а на страницата може да се најдат и сите новости и совети за епидемијата.
Во изминатите 24 часа во земјава се потврдени 30 нови случаи позитивни на вирусот Ковид 19. Од нив, 12 се од Скопје, девет од Прилеп, осум од Куманово и еден нов заболен има во Крива Паланка.
Со нив вкупната бројка на луѓе кај кои е потврден корона вирусот изнесува 384 лица. Во изминатото деноноќие направени се 342 теста од вкупно досега 4.117 тестирања за Ковид-19.
На Инфективната клиника се хоспитализирани вкупно 64 пациенти, од кои во последните 24 часа се сместени шестмина. Од вкупниот број хоспитализирани, осум пациенти се со потешка клиничка слика.