Македонија 22. септември 2019. / 11:46

Нов скандал: Oбвинители од СЈО ги користеле службените возила за приватни потреби

Нов скандал: Oбвинители од СЈО ги користеле службените возила за приватни потреби

Разрешената специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, непосредно пред истрагата „Рекет“ одлучила да не го продолжува договорот за службените возила кои биле земени под оперативен лизинг, меѓу другото и поради тоа што некои обвинителите од СЈО ги користеле овие возила за приватни потреби, дознава „А1он“ од извори во Обвинителството.

Изворите на А1он  потврдија дека Јанева им посочила на обвинителите дека возилата што ќе останат во возниот парк на СЈО може да ги користат, но исклучиво за службени потреби и тоа со најава еден ден претходно.

Извори од СЈО за „А1он“ потврдија дека возилата биле вратени и дека Јанева одлучила да не го толерира однесувањето на некои од обвинителите на кои долго им прогледувала низ прсти, а тие ги користеле автомобилите за приватни потреби.

Некои од обвинителите, пак, за „А1он“ тврдат дека Јанева самата најмногу ги користела службените возила за приватни потреби. СЈО на почетокот на 2018 година зеде под оперативен лизинг и три возила „ситроен“ на период од 2 и пол години.

Целиот текст на А1он можете да го прочитате ТУКА.