Македонија 13. јуни 2020. / 10:37

Нов шамар за Заев и Филипче: Според „Њујорк Тајмс“ сме на врвот во светот по раст на заразени од корона

Нов шамар за Заев и Филипче: Според „Њујорк Тајмс“ сме на врвот во светот по раст на заразени од корона

Њујорк Тајмс“ објави мапа од сите земји во светот каде што е присутна заразата со корона вирусот, но чија цел има да предупреди и да ги означи државите кои во моментов доживуваат засилен раст на заразени од Ковид-19.

За жал, една од тие земји обележани со црвена боја е и нашата.

Како што може да се забележи на мапата, Македонија е во друштво на Либија, на Ирак и на Суринам.

Речиси секоја земја во светот има корона вирус, покажува мапата. Сепак, многу држави продолжуваат и понатаму да се соочуваат со сè поголем број случаи на заразени со Ковид-19. Најголеми жаришта има во Латинска Америка, во Африка, во Азија и на Блискиот исток – пишува „Њујорк Тајмс“.