Кабинетот на претседателот на Северна Македонија се извини поради пропустот за време на официјалната посета на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во Скопје, пишува ПорталАналитика.
За време на средбата на двајцата претседатели, црногорското знаме било поставено наопаку.
–Направен е ненамерен пропуст во поставувањето на црногорското знаме на тет-а-тет средбата на двата претседатели, се наведува во писмото за извинување.