Во последните 24 часа се регистрирани 120 нови случаи на Ковид-19 на спроведени 953 тестирања. Најголем број случаи има во Скопје – 67.
Во Куманово има 19 новозаболени, Штип 16, Прилеп 4, Тетово 9, Велес 2, Гостивар 1, Неготино 1, Струмица 1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.
Досега во земјата се направени вкупно 33114 тестирања на Ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2611, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.