Македонија 27. февруари 2021. / 15:55

Нов бран вработувања: Државниот архив бара биолог за сметководствено работење

Нов бран вработувања: Државниот архив бара биолог за сметководствено работење

Продолжува полнењето на јавната и државната администрација со партиски војници, покажуваат најновите објавени огласи за вработување во повеќе институции, пишува Курир.

Порталот пишува дека станува збор за вработување во Владата, поточно Секретаријатот за законодавство кој вработува 3 државни службеници на позицијата помлад соработник за странски инвестиции, за добро од општ интерес концесии и јавно приватно партнерство на минерални суровини и вода, како и помлад соработник за земјоделство и животна средина, а нето платата за овие позиции е 20.990денари.

Втор оглас за вработување има објавено Инспекторат за употреба на јазиците при Министерството за правда, и тоа на позициите раководител на одделение за информатика со нето плата од 29.693 денари, понатаму еден државник на позицијата советник за превод и лекторирање со нето плата од 26.253 денари, раководите на одделение за инспекциски надзор за примена на законот за употреба на јазиците со нето плата 29.639 денари и еден советник за инспекциски надзор за Скопје со нето плата од 26.253 денари.

Министерството за животна средина и просторно планирање објавува оглас за вработување на 11 државни службеници на разни позиции од раководител, советник, неколку помлади соработници и тоа со нето плата од 22.026 до 29.694 денари.

Оглас за вработување објавува и Државниот архив на Република Македонија за вработување за 4 позиции и тоа еден раководител на одделение, еден помлад соработник за средување и обработка на архивски материјали, еден помлад соработник за сметководствено работење, како и еден помлад соработник преведува за странски јазици. Нето платата со која ќе бидат платени пвие лица изнесува од 29.693 денари до 22.025 денари.

Се поочигледно е дека власта продолжува со трендот полнење на државната администрација со партиски активисти, а за тоа е доволен доказот што на огласот за вработување во Државниот архив на позицијата помлад соработни за сметководствено работење во Секторот за финансиски прашања се бара лице со завршени студии Биологија.

Појасно е дека во последните 4 години нема работа без политичко влијание, а премиерот Заев кој ветуваше професионална администрација, полека но сигурно создава партизирана администрација и гласачко тело.