Македонија 17. јуни 2020. / 18:47

Носителите на кандидатските листи ќе потпишат кодекс за фер избори

Носителите на кандидатските листи ќе потпишат кодекс за фер избори

Државната изборна комисија информира дека утре ќе биде потпишан кодексот за фер и демократски избори од страна подносителите на листи за предвремените избори за пратеници, што ќе се одржат на 15 јули.

По потпишувањето на кодексот, ќе биде извршена ждребка за определување на билбордите за политичко рекламирање.

Потпишувањето на кодексот за фер и демократски избори е обврска што произлегува од член 8-в од Изборниот законик.