Македонија 14. јануари 2021. / 14:22

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Кочани-Македонска Каменица

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Кочани-Македонска Каменица

Патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица на делницата од Истибања до браната Калиманци, што од вчера беше во целосен прекин поради одрон, денеска е нормализиран од 13:00 часот, информира АМСМ.

Од таму посочуваат дека на овој патен правец е изградена трета лента во должина од 100 метри.