Македонија 21. септември 2019. / 20:52

Ниту Османи веќе не е сигурен дека Македонија ќе добие датум за преговори

Ниту Османи веќе не е сигурен дека Македонија ќе добие датум за преговори

Ги исполнивме сите услови очекуваме датум за преговори со Унијата затоа во октомври Европската Унија ќе го исполни својот дел обврската и ќе ги почне преговорите со нашата земја, за полноправно членство во овој сојуз, рече денеска вицепремиерот Бујар Османи на настанот Заедно за Шар Планина.

Одлуката ја носат земјите членки со консензус, сите 28 земји членки треба да гласаат ЗА. Амбиентот е позитивен, попозитивен и од јуни 2018-та и од јуни 2019-та. Но, состојбата е се уште фрагилна, се додека немаме конечна одлука од земјите членки, изјави денеска Османи.