Македонија 12. април 2018. / 10:11

Ништо од широката влада на Заев? Алијансата, ДПА и Беса воздржани за интерпелацијата

Ништо од широката влада на Заев? Алијансата, ДПА и Беса воздржани за интерпелацијата

Мерал Узеири Ферати од ДПА и Реџеп Мемеди од Беса се двајцата пратеници кои гласаа „воздржано“ по прашањето за доверба во Владата, што го покрена ВМРО-ДПМНЕ. Други двајца пратеници на Беса – Теута Биљали и Фадил Зендели гласале против иницијативата за недоверба на владиниот кабинет, а Африм Гаши не бил присутен.

За претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села во листингот стои дека не гласал – исто како и Сурија Рашиди.

За недоверба во Владата се изјасниле и двајца пратеници на СПМ – Љупчо Димовски и Стојан Миланов, додека нивната сопартијка Владанка Авировиќ не била присутна на гласањето. За недоверба на владиниот кабинет се изјаниле и пратениците Иван Стоиљковиќ од ДПС и Зеќир Рамчиловиќ од АВАЗ, како и Панчо Минов од ГРОМ.

Вкупно 40 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за недоверба на Владата, наспроти 62 пратеници од мнозинството кои му дадоа поддршка на кабинетот на Зоран Заев.

Инаку претходно Заев најавуваше дека се преговара со Беса и со ДПА за да бидат дел од Владата, по реконструкцијата.