Македонија 08. јули 2018. / 21:03

Ништо од изборот на ДИК, референдумот во ќорсокак

Ништо од изборот на ДИК, референдумот во ќорсокак

Изборот на Државната изборна комисија во ќорсокак. Роковите течат, а договор нема. Претстои референдум, а се уште не е формирано телото кое ќе треба да го организира.

Претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски нема да ја закаже седницата се додека политичките партии не постигнат договор. „Доколку тоа го направам тогаш процесот ќе биде неуспешен и целата постапка ќе се врати на почеток“ вели Димовски.

„Залудно ќе биде да ја закажам седницата ако партиите немаат компромис. Изборот нема да наиде на целосна подршка и ќе се доведеме во ситуација повторно да стартуваме од почеток, со нов оглас, нов рок за канидатури што дополнително ќе го комплицира целиот процес“ кажа Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.