Министерката за финансии Нина Ангеловска и новиот холандски амбасадор Дирк Јан Kоп, кој на должност стапи во почетокот на месецов, денеска првата работна средба ја одржаа возејќи велосипед. Ангеловска и Коп се сретнаа на Плоштадот Македонија и возеа до Градски парк, пишува сдк.мк.
Возењето велосипед е одличен начин за средба. Ми беше задоволство да разговарам со министерката за финансии Нина Ангеловска за македонско-холандската долготрајна соработка. Подобрување на потрошувачката ефикасност и структурните реформи се клучни за фискална одржливост. Нашата ионака блиска соработка и натаму ќе се интензивира, рече амбасадорот Коп, кој и во своето прво официјално обраќање по доаѓањето во Македонија ја спомена како приоритет економската соработка и развивањето бизнис можности за доаѓање холандски фирми во земјава.