Македонија 20. октомври 2018. / 10:18

Нимиц по вчерашното гласање: Воодушевен сум од тоа како демократскиот систем функционира

Нимиц по вчерашното гласање: Воодушевен сум од тоа како демократскиот систем функционира

Медијаторот Метју Нимиц по вчерашното гласање за пристапување кон менување на уставното име, изрази воодушевување од тоа како демократскиот систем функционирал ефективно и одговорно, како и од демократскиот дух на граѓаните

Сакам да изразам големо задоволство за синоќешниот резултат во Парламентот, изјави за Гласот на Америка медијаторот Метју Нимиц.

– Ова е добредојден напредок не само за вашата држава туку и за регионот и за Европа. Сакам да им честитам на сите политички сили во државата, и на нејзиното лидерство конкретно за овој важен чекор”, вели Нимиц.

– Се надевам дека останатите чекори ќе се одвиваат лесно за да се заврши овој процес. Ги охрабрувам сите политички лидери да работат заедно конструктивно да го финализираат договорот, и да продолжат со неговата имплементација. Во име на Генералниот секретар можам да ве осигурам дека Обединетите нации се подготвени да ви помогнат во овој процес, како и секогаш, изјави Нимиц