Македонија 11. ноември 2019. / 13:02

Николовски за инцидентот во Охис: Лажат дека метил-акрилатот се чисти со вода и исто така не се гаси со вода!

Николовски за инцидентот во Охис: Лажат дека метил-акрилатот се чисти со вода и исто така не се гаси со вода!

Инспекторот во пензија Крум Николовски од Делчево кој патем е хемиски инжинер по професија упати пораки до надлежните околу инцидентот со хемикалијата во Охис.

Истата ја пренесуваме во целост:

ПОРАКА бр. 63

ЗНАЕ ЛИ ГОСПОДИНОТ ЧИСТАЧ НА ЦИСТЕРНИ ШТО И СО ШТО ЧИСТИ?

Се крена огромна прашина околу (за едни хаварија) за други ништо посебно,околу истекувањето на метил-акрилат,супстанца чувана во резервор-цистерна во ,,ОХИС,, По обичај први пријавија граѓаните, дека имаат проблеми со органите за дишење.

Молчат сите, посебно научната фела.Се ствара фама,вознемиреност кај граѓаните ,иако некој е должен тоа стручно да го каже.Најпрво оние инженери кои работеле со истата емикалија.
Мојата маленкост кај себе 30 години го чувам (и користам) Хемиско-технолошки лексикон од авторот д-р Лилјана Костиќ.На страна 400 пишува ,,Метил -акрилат,, СН2СНСООСН3,безбојна лесно подвижна течност,која се лесно полимеризира.Се раствора во етанол и етер и сосема СЛАБО во вода. Молекулска тежина 86,09,точка на топење -76,5 ст.целзиусови,точка на вриење 80,5 степени,лесно запалива течност.се гаси со јаглен диоксид и јаглен тетрахлорид и тн и тн. ( да не ги заморувам читателите).

Значи господине сопственик на фирма за чистење, дали твоите раководни лица знаеле дека метил-акрилатот не се чисти со вода и во случај на запалување исто така не се гаси со вода! Или најважно е да ,,извршите,, некакво чистење ( да ги земете парите), а што ке се случи ,тоа не е важно. Самиот признавте на новинарско прашање на тв ,,Сител,, какво е вашето искуство во вакви случаи,вие одговоривте дека ова ви е прва таква работа. Машала! И среќа е што не се случила поголема трагедија, или пак мислите има време и за тоа!