Македонија 18. октомври 2019. / 21:41

Николовски со екслузивна информација: Прибе уште лани кажал без реформи нема датум

Николовски со екслузивна информација: Прибе уште лани кажал без реформи нема датум

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 ТВ екслузивно обелодени дека минатата година, кон крајот на мај месец 2018 година, на конференција од затворен карактер во Виена, на која бил присутен и Рајнхард Прибе на водството на СДСМ им кажал дека дури и да се реши спорот за името, доколку не се реализираат реформите кои тои ги задал нема да има датум за почеток на преговори.

– Уште пред да биде потпишан договорот од Преспа, Рајнхард Прибе и кажа на СДСМ дека договорот сам за себе нема да биде доволен за добивање на датум за преговори ако не бидат спроведени сериозни и целосни реформи, обелодени потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски