Македонија 22. септември 2019. / 09:51

Николовски: Сите дневници во мојот мандат како министер ги донирав во хумани цели

Николовски: Сите дневници во мојот мандат како министер ги донирав во хумани цели

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој доброволно се откажа од министерската функција и се врати со работа во матичната партија, објави дека ја поддржува иницијативата за намалување на функционерските привилегии. Тој ги повика функционерите да покажат со личен пример дека се за оваа идеја.

Сите дневници во мојот мандат како министер ги донирав во хумани цели. Очекувам дека избраните функционери ќе бидат пример кога се на позиција. Уште повеќе, се откажав од функцијата и од сите привилегии. Граѓаните се пред сите нас.Затоа сум за кратење на бенефиции на избраните и именувани лица. Со пример да покажеме, напиша Николовски.

Љупчо Николовски речиси две години ја извршуваше функцијата Министер за земјоделство, но по смената на Александар Кирацовски, прифати да биде генерален секретар на СДСМ. Тој и претходно беше човек од доверба на лидерот Зоран Заев и му беше шеф на кабинет кога СДСМ беше во опозиција.