Ставање крај на оправдувањата „не е до нас / не е до мене“ кои се одомаќинети низ институциите, широка и обврзувачка транспарентност, заштита на слободата на медиумите, институционална поддршка на силна и независна ДКСК, немање толеранција при откриени злоупотреби, зголемување на мотивацијата и ефикасноста на човечките ресурси во владините институции, се дел од надлежностите и работата на тимот на вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурски Љупчо Николовски.
Тој во интервју за МИА вели дека неговите напори и напорите на луѓето од неговиот тим ќе бидат соодветно посветени и на спречување злоупотреби, и на развој и на ефикасноста на човечките ресурси. Николовски не очекува опозицијата да ја поздрават борбата против корупцијата, односно дека не очекува поддршка од оние кои, како што рече, преку корупцијата изградија партиски бел дворец.
Особена чест што ми е доделена довербата за оваа нова позиција во Владата, којашто е особено одговорна и со висока цел, создавање на функционален систем ослободен од корупција. Позицијата во себе ги содржи сите овие три сегменти што ги посочувате во прашањето. Првенствено ќе дејствувам да им се обезбеди на граѓаните она што им треба. Граѓаните бараат упорност и одговорност, односно да се стави крај на оправдувањата „не е до нас / не е до мене“ кои се одомаќинети низ институциите. Тоа се оправдувањата дека друг е надлежен, дека друга институција не постапила. Луѓето сакаат да им се решаваат проблемите, а не главоболки и нови проблеми кога ќе тргнат низ ходниците и лавиринтите на институциите. Кога на ова ќе додадеме и корупција и политички злоупотреби, доаѓаме до листата на најголеми непријатели на граѓаните, на институциите и на чесните политичари. И во тој контекст пораката е јасна – нулта толеранција за корупција, двојно повеќе работа и многу повеќе ред, дисциплина и правда,вели Николовски.
Ние сме одлучни и решени да водиме бескомромисна борба со секој што оној што учествува во корупција. Свесни сме дека целиот процес не може да заврши преку ноќ, но во четиригодишната програмата на Владата поставивме јасни столбови во борбата против корупција, преку воспоставување јасни и соодветни механизми за интензивна соработка меѓу сите надлежни чинители, преку силна политичка волја и преку мотивација на секој граѓанин да се приклучи во искоренувањето на оваа девијантна појава, потенцира Николовски.
Целото интервју на МИА