Македонија 09. март 2020. / 14:56

Николовски демантира: На мојата свадба немаше болни од корона!

Николовски демантира: На мојата свадба немаше болни од корона!

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, целосно ги демантира и ги нарече лаги објавите на одредени медиуми за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона.

-Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба, напиша Николовски на фејсбук.

Тој апелира граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно и редовно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид – 19.

Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот, порача Николовски.

Во Кривичниот законик, во делот кривични дела против здравјето на луѓето, во член 205 кој се однесува на пренесување заразна болест пишува:

-Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.