Македонија 26. јуни 2020. / 22:48

Николовска: Апсењето само на Јанева и на Јовановски не значи разрешување и завршување на случајот „Рекет“

Николовска: Апсењето само на Јанева и на Јовановски не значи разрешување и завршување на случајот „Рекет“

Апсењето само на Катица Јанева и Бојан Јовановски не значи разрешување и завршување на случајот „Рекет“ кој ја потресе македонската јавност, смета адвокатката Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа во дебатата која што се организираше од емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат-м на тема за состојбата во правосудство, ја опиша како систем на хибриден режим кој е во заробеништво на власта предводена од СДСМ.

– Ако сакаме да кажеме каква е состојбата со правосудството денеска, а особено во последниов период одкако е СДСМ на власт, ќе кажам само со една реченица: Се работи за ситем кој е во заложништво на власта на СДСМ. Имаме еден хибриден политички и правен режим и една заробена држава, рече Николовска.

Таа појани дека сето ова и е многи јасно и на македонската јавност затоа што сите бевме сведоци на скандалите кои се случија во последниот период и кои до темел го тресат целиот правосуден систем и целото судство.

– Во овој период се соочивме со нај големата и нај криминалната рекетарска афера во историјата на Република Македонија, сметано од нејзиното осамостојување. Видовме како се договара и преговара за милионски суми, како се бараат пари, како се рекетираат пари. И најтрагично е тоа што апсењето само на Катица Јанева и Боки Јовановски, не значи дека е завршеток и разрешување на состојбата. Да не ги споменувам и другите скандали како што е со “Диамед“, огромни меѓународни скандали за огромни суми на пари, истакна Николоска.

Таа додаде дека многу јасно беше дека од оваа Влада на СДСМ ништо не може да се очекува да смени во правосудство, уште откако Заев се само прогласи за претседатек на Комисијата за судски реформи, нешто што во една демократска држава е недозволиво, првенствено затоа што тој не е правник.

– Тргнувам од тоа кога господинот Зоран Заев се себе прогласи за реформатор, односно за претседател на Советот за судски реформи, а тоа незамисливо во една демократска држава. Па да се работеше за врвен правник на таква позиција, сепак немаше да биде ниту етично, ниту морално да биде на таква позиција, а камо ли за човек кој што воопшто не е правник, додаде Николовска во дебата на Алсат телевизија.