Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешното обраќање пред седиштето на партијата наведе пет барања што тие ги имаат од Владата за справување со ситуацијата со коронавирусот.
Тој меѓу другото потенцираше дека бараат бесплатни маски пред продавниците и на сите места коишто се неопходни за граѓаните.
Тоа како што рече, им го должиме затоа што можеа да набават лубриканти а не можат да обезбедат маски бесплатно.