Македонија 15. март 2020. / 13:22

Николов: Бараме прогласување на кризна состојба, затворање на границите за патници и награда за службите вклучени во првата линија против корона вирусот

Николов: Бараме прогласување на кризна состојба, затворање на границите за патници и награда за службите вклучени во првата линија против корона вирусот

Проекциите и прогресијата на коронавирусот покажуваат загрижуваат загрижувачки трендови а очекувањата се такви да секој мора со цел да ги заштити своите блиски да ги заштити задравјето а своите соработници но секако јавното здравје односно здравјето на граѓаните. Сметаме дека е неопходно да се прогласи кризна состојба на целата територија на Република Македонија со што ќе се зголеми ефикасноста во носењето и во спроведувањето на одлуките. Некои од мерките кои се донесени до сега не покажуваат спроведување или нивното спроведување е делумно и недоволно. Постои простор за проширување на овие антикризни мерки кои мора да се исполнат, рече Игор Николов член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Копретседател на Комисијата за здравство на партијата на денешната прес-конференција.

Сметаме дека Владата треба да ги преземе и следните нови мерки, дополни Николов наведувајќи:

– Да се донесе одлука за затворање на сите граници освен за итните случаи и оние чиј карактер на движење тоа го налага. Мора да се затворат границите со цел да се стави состојбата под контрола

– Бараме да се спроведе специјален режим за работа на продавниците и на пазараите. Да се воведе шалтерски систем на продажба на продуктите и да се ограничи влегувањето на клиентите во продавниците и стварање непотребни гужви за да се намали ризикот за пренесување на вирусот.

– Бесплатни маски пред продавниците и на сите места коишто се неопходни за граѓаните.Тоа им го должиме затоа што можеа да набават лубриканти а не можат да обезбедат маски бесплатно.

– Да се подготви бел план за болниците да се подготват за сценариото кое што е најлошо.

– Бараме да се побара меѓународна помош и да биде експертска, советодавна и материјална, по примерот на Италија

– Огромен број на професионалци даваат надчовечки напори во борбата со превенцијата. Бараме за нив да се воведе финансиска надокнада посебно за службите во првиот ред за борба со епидемијата.

Сега не е време за партиски препукувања, овде се работи за здравјето на граѓаните. Очекуваме сериозен пристап од Владата и од миистерствата исто и прифаќања на нашите мерки заради тоа што секој човечки живот вреди. Сега е време на хуманост и подавање на рака, заклучи Николов.