Се форсираше дека се е добро, дека се е под контрола, дека ќе имаме само 2000 заразени, за да се најдеме во ситуација со вториот бран да имаме многу заболени, а исто така и починати истакна доктор Игор Николов во емисијата Филибастер на радио Лидер.
Не се само вакцините, туку има едно лежерно постапување со пандемијата. Не навикаа на донации, комбињата од земјоделие требаше да се претворат за Брза помош. Обидот да епидемијата да се реши со ПР беше успешно на почетокот, збореа дека за втор бран дека се спремни, ама не го очекуваа, дури и цело време ни го сервираат Ковакс механизмот. Уште малку ќе чуеме дека и Косово и Албанија ќе набават вакцини пред нас. Ние надевајќи се на тој Ковакс механизам ќе останеме без вакцини, се навикнавме на 30 и 40 починати на ден. Ние во вториот бран сме полоши. Системот беше пр ориентет. Брзи тестови добивме во октомври, а ги зборуваа во мај“ изјави Николов.