Македонија 17. јануари 2020. / 14:47

Николоски: Заев во спрега со мафијата ја направи кокаинска Македонија

Николоски: Заев во спрега со мафијата ја направи кокаинска Македонија

Во однос на МВР она што е јавна тајна сега практично, почнува да се гледа од внатре. Нека се запрашаат граѓаните на Битола кога последен пат виделе на телевизија да се заплени едно кило кокаоин без разлика дали во некој град или на граница, изјави Александар Николоски во интервју за Тера.

А го има како никогаш повеќе. Во кафичите и дискотеките полесно може да се купи кокаин отколку да се купи кока кола. Јас имав една колумна ја нареков ,,Кокаинска Македонија”, затоа што за жал за овие три години Македонија страна кокаинска Македонија, има толку многу дрога особено кокаин. И толку многу е достапна а со тоа и цената е спуштена што покажува на една спрега помеѓу власта и мафијата, изјави Николоски.

Според Николоски невозможно е во рок од три години макар и по грешка некој цариник да не запленил некое кило кокаин, што значи дека и тој што запленуваат го пуштаат на улица.

Гледаме дека постои една спрега меѓу мафијата и државата, на пример откако се создаде еден голем јавен притстиоск особено во Скопје за истраги, зошто почнаа улични пресмети и убиства. Оние што цел град ги знае дека се водичи на нарко банди, случајно ден или два пред да им се прават претреси во нивните домови, ја напуштиле Македонија, отишле во странство, што значи дека има спрега. Министерот Чулев спомна дека има сериозни сознанија дека луѓе од крим-полицијата им дојавуваат на овие што треба да ги гонат и  тоа еочигледно. Очекуваме во наредниот период  министерот да ја фати таа работа сериозно и да излезе со соодветни информации, се надеваме дека нема да има опструкции од дополнителниот министер во МВР, изјави Николоски.