Македонија 24. јануари 2020. / 14:06

Николоски: Заев не е во Давос, го канеа само кога требаше да го промени името

Николоски: Заев не е во Давос, го канеа само кога требаше да го промени името

На Зоран Заев и на неговата корумпирана власт им заврши употребната вредност во очите на меѓународната заедница, а тоа се гледа и по тоа што Македонија нема свој претставник на Светскиот економски форум во Давос, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Како што потенцира Николоски, на Форумот каде што се поканети бројни светски лидери, директори на корпорации, влијателни политичари, професори и многу други влијателни личности во политиката и економијата во светот нема место ниту за претседателот Стево Пендаровски, ниту за техничкиот премиер Оливер Спасовски, што покажува дека светските лидери не ни помислуваат да седнат на иста маса со корумпиран политичар како Зоран Заев или негови блиски соработници.

– Откако го промени името заврши блескавата дипломатска офанзива на Заев и неговата Влада. Додека требаше да го менува името го канеа во Давос. Да ги види Алпите и да се израдува дека е дел од светскиот политички крем. Го промени името, се искорумпира и завршија со него. Му заврши уоптребната вредност. Заев и Пандаровски го изгубија својот кредибилитет кај политичките лидери. Додека сме на 106 место во светот според индексот на корупција, рекордно најлошо, сме далеку од правиот пат…
Обновата доаѓа! –
пишува Николоски на социјалните мрежи.