Македонија 06. ноември 2020. / 18:03

Николоски: Заев ја доведе Македонија пред свршен чин, потребна е влада на национален спас

Николоски: Заев ја доведе Македонија пред свршен чин, потребна е влада на национален спас

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостувањето во вестите во 15 часот на телевизија Канал 5 рече дека настанот на кој денес присуствува ВМРО-ДПМНЕ, како и Алијанса на Албанците и Алтернатива е потврда на интензивната соработка со овие две партии.

Зоран Заев ја стави Македонија и Македонците пред свршен чин, или Македонците да се одродат или Македонија да не преговара со ЕУ што значи да не напредува. Тој избор кој го постави Заев е резултат на неговите сервилни политики. Или тоа не е избор, а тоа е така затоа што Заев ветил дека ќе испорача се што барале Бугарите и сега ѓаволот доаѓа по своето. Затоа нашето барање е владата да си поднесе оставка и да се оди на избори кога ќе има услови, а во меѓувреме да се формира влада на национален спас. Новата владата пак по изборите со политичарите кои се денес тука ќе ја извадат Македонија од бездната во која се наоѓа и во која ја доведе Заев, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-Ова е прва јавна потврда на она што го имаме, а тоа е интензивна соработа со Африм Гаши од Алтернатива и Зијадин Села од Алијанса на Албанците. Ова се идеолошки слични партии со нас. Ние сме конзервативни десни центар партии, а она што ми е драго е што овој настан е во организација на Конрад Аденауер. Оваа соработка е спонзоирирана од најголемата германска фондација Конрад Аденауер, а обраќање денес има и и потпретседателот на Европската народна партија, рече Николоски.

Николоски рече дека е многу важно што соработката е на идеолошка основа што, како што рече „се надевам ќе води кон покрупна соработка, затоа што нашата идеја е да се бориме против корупцијата, а шефови на корупцијата се Заев и Ахмети, затоа сакаме заедно да ја победиме корупцијата која ја предводат“.