Македонија 03. јули 2020. / 18:36

Николоски: Заев избега од ТВ дуел со мене

Николоски: Заев избега од ТВ дуел со мене

Заев повторно избега од дуел, напиша на Фејсбук потпреседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Денес во емисијата „Што не е јасно?“ на Алфа ТВ во 21:10 часот требаше да имаме предизборен дуел со Зоран Заев, како носители на листи во ИЕ4, но очигледно веќе му станува навика да не се појавува на ТВ дуел со мене. Можеби е уплашен од она што имам да го кажам, а можеби и конечно сфати дека нема што да понуди на македонскиот народ., напиша Николоски.