Македонија 06. март 2019. / 21:29

Николоски: Заев и Димитров зборуваа како идентитетот е заштитен а зборот македонско се преименува во национално

Николоски: Заев и Димитров зборуваа како идентитетот е заштитен а зборот македонско се преименува во национално

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е гостин на ТВ 24 во емисијата ,,24 анализа”. Каде се  дискутира за актуелната политичка ситуација во Македонија.

Многу бука се дигна како се финасираат проекти во културата, не смилам дека беа само политички грешки, да се уништуват делови кои се однесуваат на македонскиот национален идентитет. И за мене она што е најспорно, се иде и чекор понатаму со Преспанскиот договор, ова дури не е ни почитување на Преспанскиот договор прво никаде во него не пишува дека било која државна институција треба да се нарече национална, наместо македеонска. Второ, Заев и Димитров секаде зборуват дека идентитетот е заштитен, а јас не гледам како е заштитен идентитетот, кога македонско станува национално. И трето согласно истиот тој договор членот 1 ставот  10, пишува дека има технички и политички преоден рок. Кој е во рок од 5 години, односно отварање поглавја со ЕУ и пет години после тоа, за менување на името кое стои во документите и на таблите, Владата на Заев и од ова се откажа  А со протоколот после донесувањето на Преспанскиот договор се откажаа и од македонскиот национален идентитет, зошто Димитров се потпиша на текст каде јасно пишува дека македонски не се однесува на  националноата определба на мнозинското нассленир кое живее во Македонија., истакна Николоски во ,,24 анализа”.