Македонија 12. јули 2020. / 18:03

(ВИДЕО) Николоски за ТВ Алфа: Заев е на врвот на пирамидата, изрекетирал 6 милиони евра

(ВИДЕО) Николоски за ТВ Алфа: Заев е на врвот на пирамидата, изрекетирал 6 милиони евра

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во изборна единица 4, Александар Николоски, во централниот дневник на ТВ „Алфа“ изјави дека Зоран Заев е на врвот на аферата „Рекет“, посочувајќи дека тој уште минатата година го кажувал тоа, но како што рече Заев му се заканувал со тужба.

Тажната вистина за четвртата изборна единица е тоа што сите го слушнавме, а тоа е дека Заев бил на врвот на аферата „Рекет“ и јас тоа прв го кажав минатата година, во месец август од селото Банско, тука во Струмица. Тогаш Заев се закани дека ќе ме тужи за клевета, но се уште не сме стигнале до судскиот процес затоа што бега од истиот, но еве денес се покажа дека тоа било вистина – вели Николоски.

Николоски потенцира дека Заев побарал шест милиони евра рекет со што се покажува дека тој е на врвот на пирамидата којашто рекетира во Македонија, додавајќи дека со победата на ВМРО-ДПМНЕ на 15 јули следува и кривична одговорност.

Самиот тој побарал над 6 милиони рекет во Македонија, што само покажува дека тој е на врвот на пирамидата која што рекетира во Македонија. На тоа мораме да ставиме крај, мора да има кривична одговорност и политичка одговорност. А одговорноста почнува со победата на 15 јули – порача Николоски.