Македонија 06. септември 2020. / 19:31

(ВИДЕО) Николоски за Сител: Оваа старо нова Влада ги обединува криминалот и лагата

(ВИДЕО) Николоски за Сител: Оваа старо нова Влада ги обединува криминалот и лагата

Оваа Влада не го одразува она што го сака и бара народот, заради изборниот поткуп и најбитното  со кадровските решенија, ова е коалиција на лагата и старо нова Влада  која  ги обединува криминалот и лагата, истакна потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ , Александар Николоски во вестите на Сител ТВ. Во таа насока има бројни нерешени социо економски проблеми на граѓаните

Гледате што се случува со лозарите во тиквешијата каде сосем е неизвесно дали же почне откупот на грозјето, цените за откуп  на грозјето се катастрофални, една банка се затвори што е невидена работа , има поскапување на струјата, а владата почна  со корупција, јас за тоа објавувам деновите изјави Николоски. 

Ова е доволен повод на самиот почеток  да размислуваме и за побрзи дејствија од тие што ги мислевме, органите на партијата ќе заседаваат и ќе ја известиме јавноста по однос на нашите активности. Во однос на масовните демонстрации најавени од опозицијата Николоски истакна

Ќе ја известиме  јавноста за нашите активности, планираме да заседаваме во следите денови, заеднички ќе одлучиме за следните чекори  и ќе биде реакција за сите овие работи кои се случуваат уште првата недела од формирање на Владата. Мора и ќе има реакција, рече Николоски. 

Не може да зборуваме за 100 дена Влада оти ова се исти кадри кои што беа и претходно и не понудија решенија, ниту гледаме дека министрите кои се избрани дека работат нешто и не е работа на СДСМ на бара промени во ВМРО ДПМНЕ, потенцира Николски.