Македонија 23. април 2020. / 12:44

Николоски за новиот документ: Заев влегува во проект на создавање на нова таканаречена ,,северномакедонска” нација

Николоски за новиот документ: Заев влегува во проект на создавање на нова таканаречена ,,северномакедонска” нација

На денешната прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ги откри најновите условувања кои Македонија ги има од Бугарија во однос на започнувањето преговори со ЕУ, а Никола Димитров, Зоран Заев и Оливер Спасовски ги кријат од македонската јавност.

Скандал од невидени размери е документот со кој Никола Димитров под патронат на Заев и Спасовски го крие од јавноста, а со кој Бугарија отворено условува за датумот за преговори. Македонија има нов голем проблем со нејзините евроинтеграции. Од Македонија се бара да се откаже од македонското малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски, затоа што малцинството во соседните држави е нераскинлив дел од македонскиот народ, како и да се откаже од македонскиот јазик.  И да користи таканаречен служен јазик на Република Македонија, изјави Николоски.

Николоски додаде дека  Зоран Заев, Оливер Спасовски, Радмила Шеќеринска, влегуваат во проект на создавање на нова таканаречена ,,северномакедонска” нација и откажување од се што е македонско.

Ова е целесна капитулација на политиките на Зоран Заев, ќе потсетам оваа Влада својата политика ја темелеше на три постулати во економијата дека ќе донесе живот, а сега имаме огромна дупка во буџетот заради криминалната и недомаќинска работа на Заев. Вториот постулат беше дека ќе го решат спорот со името за да одиме во ЕУ. Името го сменија ама немаме заокружен датум за преговори. И третиот постулат е дека отвараат пријателства и решаваат проблеми. А сега гледеме дека содзадаат нови пролбеми и тоа со многу потешки последици за националните интереси на Македонија, изјави Николоски.